Saturday, April 21, 2012

ЗАДАЧИ :

1. Пресметај ја вредноста на следниот израз со точност до 0,001.
      0,48176 + 3,6274 х 0,2 =

2.Пресметај ја вредноста на изразот и заокружи ја со точност до 0,01.
     0,72 : 0,12 + 0,29 х 100 - 3,2 х 2,0014 =

3.Пресметај го  х  во равенката  х : 7,41 = 2,02 со точност до 0,01 и одреди ја апсолутната  грешка што при тоа е направена.

4.Пресметај ја вредноста на изразот и заокружи ја со точност до 0,1.
     4 + 6 х 2,3172 - 10,04 =

Thursday, April 19, 2012

Задачи за проверка на своето знаење од Тема 3

1. Кој број треба да се одземе од бројот  13,2  за да се добие бројот  0,148 ?

2.Од кој број треба да се одземе бројот  5,48 за да се добие бројот 100 ?

3.Кон бројот 35,45 додај ја разликата  на броевите  24,07 и  15,006 .

4.Збирот на броевите 5,23 и 0,89 намали го за 2,57 .

Sunday, April 8, 2012

ПРОВЕРИ ГО СВОЕТО ЗНАЕЊЕ !!!!!

1.Ако намаленикот 3,24 се зголеми за 0,24 , а намалителот 0,324  се  намали за 0,24 , тогаш разликата ќе се зголеми за   2 х 0,24 .Провери.

2.Пресметај ја бројната вредност на изразот   ( 9,12 - 0,6 ) : 1,2  + 29,5  х  0,5 =

3.Реши ја равенката     2,5 х  Х = 6,42 : 1,2

Sunday, April 1, 2012

МНОЖЕЊЕ НА ДЕЦИМАЛНИ БРОЕВИ

Пред да ја реализираме новата наставна содржина одгворете на следното  :))      

ПОТСЕТИ СЕ !

*  Пресметај:   10 x 526 ;    100 x 526  ;    1000 x 525 ;
*  Објасни што се случува со бројот на нулите во производот при горните множења.
*  Пресметај :  2,3 + 2,3 +2,3    Како можеш скратено да го запишеш овој збир ?
*  Провери дали е
     0,3 + 0,3 +0,3 + 0,3 + 0,3 + 0,3 + 0,3 = 2,1  ?